Металург по голема борба загуби од Кретеј

58

Металург загуби од Кретеј со 25-30 на подготовките во Франција, на мечот на кој шанса добија ракометарите што имаат помала минутажа.

Францускиот клуб стекна водство од 16-10 во првиот дел, по што Металург изврши притисок во второто полувреме, но немаше сили за пресврт.

Актуелниот освојувач на македонскиот куп беше поразен од Ним со 23-36 во првиот дуел на подготовките.

Металург во Франција не може да смета на дел од носителите на играта кои имаат репрезентативни обврски на Европското првенство.

Централниот настан на француската турнеја на Металург ќе биде учество на турнирот во Монлисон, каде што противник во првиот полуфинален дуел ќе му биде една од екипите на Спортинг (Португалија), учесник во Лигата на шампионите, Саран или на Данкерк (двата од Франција).