Металург поразен од Спортинг (галерија)

77
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Ракометарите на Металург имаа одлично прво полувреме и пад во вториот дел во кој не успеаја да го задржат истото темпо и на крај го запишаа шестиот пораз во ЛШ.

За македонскиот вицешампион ова беше трет натпревар во изминатите четири дена, по саботниот дуел со Чеховски медведи во ЛШ и вчерашниот меч со Стеауа во СЕХА лигата.

Металург остана во позитива и со гол предност го заврши првото полувреме (18-17).

На почетокот од второто полувреме изостана ефикасноста во нападот на Металург. Спортинг сепак во 36.минута дојде до прво водство на мечот (18-19).

Гостите на пет минути пред крај реализираа пет гола во серија, откако Металург не искористи неколку шанси да ја намали негативата. И тука веќе беше решен победникот во овој дуел. За Спортинг ова е петтата победа во Лигата на шампионите.

Наредниот меч во Лигата на шампионите македонскиот тим го игра на 17 ноември кога гостува во Турција кај Бешикташ.