Металург не успеа да го изненади Загреб на Червар

112

Ракометарите на Металург загубија од Загреб, предводен од поранешниот тренер на екипата од Автокоманда Лино Червар, со 22-26, во вечерашното гостување од 5-то коло од Регионалната лига (РЛ).

Натпреварот беше изедначен до 32-та минута (11-11), по што домаќинот успеа со серија од осум погодоци да дојде до убедлива предност од 19-11, која беше пресудна за триумфот.

Мартин Серафимов и Адријан Миличевиќ беа најпрецизни кај Металург со по четири гола, додека кај Загреб се истакна Давид Мандиќ со шест погодоци. Мартин Томовски забележа 11 одбрани на голот на македонскиот вицешампион.

Металург во следната рунда го пречекува Железничар.