Металург и следната сезона ќе настапува во ЛШ

124

Македонскиот ракометен вицешампион Металург повторно доби вајлд-карта и ќе настапува во Лигата на шампионите (ЛШ).

Извршната комисија на ЕХФ на денешниот состанок во Глазгов одлучи дека Металург ги задоволува потребните критериуми и му додели вајлд-карта.

Клубот од Автокоманда ќе настапува во групите со условно понизок квалитет Ц и Д, заедно со Адемар Леон, Спортинг, Елверум, Бешикташ, Вакер Тун, Чеховски медведи, Динамо Букурешт, Татран Прешов, Кокс, Висла и Силкеборг.

Вардар како актуелен македонски првак ќе биде дел од елитните групи А и Б.

Ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите ќе се одржи на 29 јуни.