Металург во иста група со Еурофарм Пелистер на традиционалниот турнир во Струга

45

Извлечени се групите за традиционалниот ракометен турнир во Струга. Поради пандемијата на коронавирусот, годинава на турнирот ќе играат само екипи од Македонија. Натпреварите на отвореното игралиште „Горан Попоски-Гобец“ ќе се играат без присуство на публика.

Струшкиот ракометен турнир годинава ќе се одржи од 12 до 16 август.

Носители на ждрепката беа Вардар и Еурофарм Пелистер. Вардар за противници во А-групата ги доби Бутел, Охрид и Еурофарм Пелистер 2.

Во Групата Б, покрај Еурофарм Пелистер, ќе се натпреваруваат Металург, Прилеп и Струга.

Организаторите набргу треба да ги објават распоредот и термините за одигрување на натпреварите.