Македонските ракометарки ќе се соочат со Словенија во баражот за СП 2019

171

Репрезентацијата на Словенија ќе и биде противник на Македонија во баражот за женскиот ракометен Мундијал што ќе се игра во 2019 година.

Првата средба ќе се игра во Македонија на крајот на мај или почетокот на јуни, а реваншот е по седум дена на теренот на словенечките репрезентативки.

Победникот од бараж-двомечот ќе обезбеди учество на СП 2019 во Кумамото, Јапонија во период од 30 ноември до 15 декември 2019 година.

Двојки за баражот

Македонија – Словенија
Хрватска – Германија
Данска – Швајцарија
Шведска – Словачка
Белорусија – Норвешка
Србија – Полска
Чешка – Црна Гора
Шпанија – Исланд
Австрија – Унгарија