Македонија ќе игра со Романија и со Алжир на „Трофеј Карпати“

88

Романија и Алжир ќе ѝ бидат ривали на Македонија на традиционалниот ракометен турнир „Трофеј Карпати“ во Романија, од 26 до 30 декември, како завршна фаза од подготовките за настапот на Европското првенство (ЕП) во јануари 2020 година. Се очекува потврда од уште една селекција како четврта селекција на турнирот.

Селекторот Данило Брестовац имаше успешен почеток на подготовките, откако за време на неделата на ЕХФ минатиот месец забележа три победи (една над Турција, две над Грузија) и едно реми (со Италија). По новогодишните празници од 2 јануари селекцијата заминува на подготовки во Словенија, каде што со словенечкиот состав ќе ги одигра двата завршни тест-натпревари пред почетокот на првенството. ЕП ќе се игра во Австрија, Норвешка и во Шведска, а првпат ќе учествуваат 24 селекции и ова ЕП ќе биде прво што ќе се игра во три држави. На ЕП 2020 Македонија ќе игра во групата Б, во Виена, каде што за првите две места што носат пласман во следната фаза ќе се сретне со Чешка, Австрија и со Украина.