Македонија ремизираше против Италија

346

Подмладената ракометна репрезентација на Македонија одигра нерешено со Италија 26-26 (12-12) на втората пријателска средба во Турција, откако вчера беше подобра од домаќинот со 26-23.

Се играше воглавно израмнето, за Италија сепак да стигне до водство од 22-17 во 43-та минута. Македонија до крајот на мечот успеа да стигне до реми со голот на Мартин Поповски од пенал.

Токму Поповски беше најпрецизен со осум постигнати голови, додека Марио Танкоски и Жарко Пешевски погодија по четири пати.

До крајот на ЕХФ-неделата Македонија ќе одигра уште две контролни средби против Грузија, в петок и в сабота во Скопје.


Македонија – Италија 26-26 (12-12)

Македонија: Томовски (9 одб.), Кизиќ (1 одб.), Велковски 1, Димитриоски 2, Костески 1, Танкоски 4, Крстевски, Кукуловски, Поповски 8, Младеновиќ, Пешевски 4, Јагуриновски 1, Маџовски 1, Димитриевски, Мишевски 3 и Арсеновски.