Македонија поразена од Португалија во осминафиналето на СП

248
Фото: Дарко Андоновски

Ракометната репрезентација на Македонија до 19 години претрпе пораз од Португалија во осминафиналето на Светското првенство (29-25).

„Црвено-жолтите“ вечерва одиграа одличен натпревар и храбро се бореа, но во финишот ги изгубија силите и беа поразени.

Фото: Дарко Андоновски

Нашиот национален тим одигра солидно прво полувреме и беше рамноправен ривал. Се играше гол за гол, а головите доаѓаа претежно од бековските позиции. 

Разликата настана кога од 12-12, Португалија даде три гола во низа и првиот дел од мечот го заврши со три гола предност. На почетокот на вториот дел, Македонија константно беше во негатива.

Фото: Дарко Андоновски

Одново следуваше период на изедначена игра, за Македонија до 54-тата минута да се врати во предност (23-24). 

Но, кога беше најпотребно, немаше реализација. Португалија тоа го искористи и на пет минути до крајот направи предност со 26-24. Иако Македонија цело време се приближуваше до изедначување, сепак, во клучните минути реализацијата потфрли. 

Фото: Дарко Андоновски

Најдобар стрелец на македонската репрезентација беше Мартин Серафимов со девет гола, а веднаш по него беше Младеновиќ со седум гола. Голманот Кизиќ имаше двоцифрен број на интервенции. Кај Португалија, Мораис даде шест, а Рибеиро заврши со пет гола.

Противникот на Македонија во мечевите за пласман сѐ уште не е познат.

Фото: Дарко Андоновски