Македонија единствена ќе влезе без бодови во новоформираната група

490
Момент од мечот Шведска - Египет

Шведска ќе пренесе максимални четири бода во втората фаза од Светското првенство во ракомет по победата против домаќинот Египет од 24-23, во денешниот последен натпревар од групата Г.

Словенија беше подобра од Белорусија со 29-25, а Русија славеше против Јужна Кореја со 30-26 во денешните мечеви од групата Х, која во втората фаза вкрстува со групата Г, во која беше Македонија.

Во новоформираната група 4 од втората фаза, по Шведска следуваат Русија со три, Словенија и Египет со по два бода, Белорусија со еден, додека Македонија единствена влегува без бодови.

Македонија ќе игра против Словенија в среда, против Русија в петок и против Белорусија в недела.

Двете најдобри селекции од групата 4 ќе се пласираат во четврт-финалето.