Македонија во вториот барабан за квалификациите за ЕП 2022

194

Директен пласман на ЕП имаат домаќините Унгарија и Словачка, како и финалистите од ЕП 2020, Шпанија и Хрватска. Од квалификациите на шампионатот ќе се пласираат двете најдобропласирани селекции од секоја од осумте групи и четирите најдобри меѓу третопласираните селекции

Македонската машка ракометна репрезентација доби место во вториот барабан во пресрет на ждрепката на 16 јуни за квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година, кое треба да се игра во Унгарија и во Словачка. Во четирите барабани има по осум селекции. Дел од вториот барабан заедно со Македонија се и селекциите на Австрија, Белорусија, Португалија, Србија, Русија, Црна Гора и на Холандија, што значи дека тие нема да ѝ бидат ривали на Македонија во квалификациите.

Директен пласман на ЕП 2022 имаат домаќините, како и финалистите од ЕП годинава, шампионот Шпанија и вицепрвакот Хрватска. Квалификациите е предвидено да почнат со две кола во ноември годинава, а да продолжат в година, со по два меча во март, а потоа и по две средби на крајот на април и во почетокот на мај.
Место на ЕП обезбедуваат двете најдобропласирани селекции од секоја од осумте групи и четирите најдобри меѓу третопласираните селекции.

Ако Македонија биде во иста група со некоја од репрезентациите што ќе играат квалификации за Летните олимписки игри во Токио во 2021 година (Франција, Германија, Норвешка, Словенија или Шведска), мечевите од мартовскиот циклус ќе се играат од 6 до 10 јануари 2021 година.


СОСТАВ НА БАРАБАНИТЕ

Прв: Норвешка, Шведска, Данска, Германија, Франција, Словенија, Чешка, Исланд.
Втор: Македонија, Австрија, Белорусија, Португалија, Србија, Русија, Црна Гора, Холандија.
Трет: Швајцарија, Литванија, Романија, БиХ, Украина, Летонија, Полска, Белгија.
Четврти: Финска, Италија, Турција, Израел, Естонија, Грција, Косово, Фарски Острови.
ждрепката е предвидено да се влече на 16 јуни во Виена