Македонија без капитенот Лазаров против Русија

471

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров нема да настапи на контролниот натпревар против Русија.

Тој и се приклучи на репрезентацијата, која под водство на Раул Гонзалез ќе ја искористи ЕХФ неделата за подготовка пред мундијалскиот бараж со Романија за пласман на СП во Данска и Германија.

Капитенот ќе биде дел од тренинзите, но нема да настапи против Русија в сабота.

Изземањето на Лазаров од овој натпревар доаѓа по барање на неговиот клуб Нант.

Францускиот клуб ќе игра во четврт-финалето на Лигата на шампионите против Скјерн, а Лазаров неодамна се врати на терен по повредата.