Левандовски е на 22 пенала од Калц

50

ФУДБАЛ – БУНДЕС-ЛИГА

Роберт Левандовски е најефикасниот според головите од пенал од активните фудбалери во Бундес-лигата, а само уште четворица играчи се пред него на листата што ја објави германскиот дневен спортски весник „Кикер“. Центарфорот на Баерн досега постигна 31 гол од белата точка. На оваа пенал-листа во германската Бундес-лига води Манфред Калц, со 53 погодока, а потоа следуваат Герд Милер со 51, Михаел Цорк со 49, Хорст Дитер Хетгес со 40, Левандовски, Паул Брајтнер, Георг Фолкерт и Вилфред Ханес со по 31, Лотар Матеус и Штефан Кунц со по 30 итн.