Лазаров: Полека заличуваме на вистинска репрезентација

303

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров не е разочаран од поразот од Русија и прикажаното во досегашниот дел од Мундијалот.

-Ни се повторуваат работите од претходните натпревари. Секогаш противничкиот голман е играч на натпреварот. Промашивме многу шанси. Треба да имаме посебно тренинг за „зицери“. Загрижува неефикасноста. Сепак, Русите се квалитетни. Не е срамота да се изгуби од нив. Дадовме максимум. Има позитивни има и негативни работи во нашето издание. Полека заличуваме на вистинска репрезентација. Ни фалат два –три поискусни играчи. Треба да сме паметни и научиме од грешките – изјави Лазаров.

Капитенот најави максимално залагање и на утрешниот меч, последен на првенството.

-Ќе дадеме максимум утре, ќе пробаме да победиме. Потоа следува анализа, да се лоцираат грешките и да одиме напред. Не смееме да им го одземе задоволството на навивачите и да ги оставиме без наше учество на следните големи натпреварувања – потенцира Лазаров.

Тој во денешниот пораз од Русија (28:30) постигна осум погодоци по што и натаму е меѓу водечките на листата на стрелците на СП.