Кирил Лазаров: Тука сме сите исти без разлика од каде доаѓаме

113

Четвртото издание на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ стартуваше вчера во Охрид со традиционален пречек на 150 кампери од страна на капитенот на македонскиот национален тим, Кирил Лазаров.

Следните две недели повеќе од 300 момчиња и девојчиња од осум земји ќе се едуцираат, дружат и забавуваат со најдобриот македонски спортист и неговиот тим тренери и предавачи.

„Среќен сум што и оваа година ве гледам во голем број. Меѓу вас има деца кои се наши редовни кампери, но гледам и многу нови дечиња. Концептот на овој проект е дека сите ние без оглед на возраста, познавањето на ракометот и местото од каде доаѓаме сме еднакви и фукнкционираме како семејство. Се надевам дека и оваа година ќе го поместиме границите на добра организација и дека секое дете од кампот ќе си оди со убави спомени. Се потудивме и оваа година децата да работат со најдобрите македонски тренери, со тренери од странство и со предавачи признаени во нивните области – порача Кирил Лазаров.

Покрај ракометот, кој ќе биде застапен со двојна програма во текот на денот нашите кампери ќе имаат можност да учат пливање со лиценцирани едукатори, предавање за здрава исхрана со Проф. д-р Ванчо Поп Петровски и спортска психологија со Проф. Д-р Ленче Алексовска.

Во двете смени гостин ќе биде четворократниот олимпиец Лазар Поповски кој со својот тим ќе им овозможи на најмладите тренинг по кајак, а веќе традиционално едно попладне е резервирано за прошетка со брод и запознавање со убавините на Охрид.

И оваа година ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ ќе се реализира во комплексот „Аквалина“ на брегот на прекрасното Охридско Езеро од 20 јуни до 02 јули.