Камперите на Металург започнаа со тренинзи и забава

99
Мартин Серафимов во друштво со младите ракометари

Отворањето на годинашниот камп го збогати младиот македонски репрезентативец и член на Металург, десниот бек Мартин Серафимов, кој тренираше и асистираше на воведниот тренинг

Викендов во хотелот „Десарет“ во Охрид започна 14-то издание на летниот камп на Ракометната академија Металург. Најмладите металурзи се собраа на завршна тренинг-забава, која претставува круна на целогодишното тренирање во школите и натпреварувањето во мини-лигата на Металург.
Отворањето на годинашниот камп го збогати младиот македонски репрезентативец и член на Металург, десниот бек Мартин Серафимов, кој тренираше и асистираше на воведниот тренинг со младите ракометни кампери.

– Голема чест за мене е поканата да бидам дел од кампот на Металург. Се потсетив на времето кога и јас бев на местото на овие млади кампери и на тоа колку многу значи доаѓањето на ракометар во тренинг-кампот. Се надевам дека за неколку години и од овие мали ракометари и ракометарки ќе израснат врвни ракометари, кои со радост и гордост ќе се сеќаваат на моментите минати на кампот на Металург, како што јас сега се присетувам на тоа минато време – ни изјави Мартин Серафимов по тренингот со дечињата.

Дечињата на Металург ќе ги продолжат кампувањето и тренинг-дружбата и во следните денови во друштво на „Цедевита“, „Виталија“, „Македонија осигурување“, „Винер осигурување“, „Субрина професионал“ и сокчињата и ладните чаеви на „Ладна џуси“. 

По секој тренинг следи освежување