Кадетките на ЖРК Куманово станаа шампионки на Македонија

1252

Kадетките на ЖРК Куманово постигнаа голем успех и станаа шампионки на Македонија за сезоната 2017/2018 година.

Во Куманово се одржа завршниот турнир – фајнл фор во женската кадетска ракометна лига (ген.2000) на кој што настапија екипите на ЖРК Вардар Јуниор, ЖРК Металург, ЖРК Стружанка и екипата на домаќинот на турнирот, ЖРК Куманово.

На турнирот најпрвин во саботата предпладне се одиграа двата полуфинални натпревари во кои што најпрвин екипата на Куманово ја совлада Стружанка со 26:18 (15:8) за да потоа во второто полуфинале екипата на Вардар Јуниор го совлада Металург со 36:26 (17:16) со што екипите на Куманово и на Вардар Јуниор се изборија за големото финале.

Додека пак попладнето во саботата во натпреварот за третото место екипата на Стружанка во најинтересниот натпревар на турнирот го совлада Металург со 24:23 (9:13) за да потоа во големото финале екипата на домаќинот Куманово убедливо го совлада Вардар Јуниор со 28:19 (13:5) со што кадетките на ЖРК Куманово постигнаа голем успех и станаа шампионки на Македонија за сезоната 2017/2018 година.

Завршниот турнир во кадетската женска ракометна лига во Куманово предизвика голем интерес кај љубителите на ракометот во градот поради што спортската сала во средното економско училиште Перо Наков со капацитет од 550 гледачи речиси на секој натпревар беше исполнета до последното место.

Инаку гледано од стручен ракометарски аспект овој турнир покажа дека во младинските категории во женскиот ракомет во Македониа има многу талентирани и квалитетни ракометарки во кои што ако во иднина правилно се вложат финансиски средства и се работи педагошки стручно и правилно на високо ниво можеме да се надеваме на добра и успешна генерација од која што еден ден многу од овие ракометарки ке можат да заиграат и за најдобрата сениорска женска ракометна репрезентација.