Кадетите загубија од Шпанија

51

Македонската машка кадетска ракометна репрезентација, со пораз од Шпанија со 14-21 (7-8, 4-8 и 3-5), или 5-0 во поени, според новите тест-правила (се играат три третини од по 15 минути, со бодување за секоја третина), го почна настапот на младинските Медитерански игри во Атина, Грција. Иако добро ја почнаа првата третина од натпреварот и беа на праг за освојување на првиот бод на натпреварувањето, избраниците на селекторите Никола Матлиевски и Данило Брестовац во продолжението од натпреварот како да беа сосема друга екипа од онаа што ги одигра првите 15 минути. Македонските кадети синоќа играа и со селекцијата на Мароко, а нивни денешни противници ќе бидат репрезентациите на Тунис (од 11 часот) и Хрватска (од 14.45 ч.).