ЖРК Металург славеше во дербито со ЖРК Чаир

59

Првакот ЖРК Металург го совлада ЖРК Чаир со 30-25 (12-12) на гости, во дербито од деветтото коло на Суперлигата.

По израмнетата борба во првото полувреме, во вториот дел дојде до израз квалитетот на шампионот, кој почна со серија од 6-0 за потоа да стигне и до највисоката предност од 24-16.

Ова е деветта победа во низа за ракометарките на ЖРК Металург кои се на врвот на првенствената табела.