ЖРК Куманово успешно ја заврши првата фаза во Регионалната женска ракометна лига

67

Во рамките на последниот турнир од втората група од Регионалната женска ракометна лига што синоќа и вечерва се одигра во Подгорица ракометарките на ЖРК Куманово остварија две значајни победи со коишто го овоија првото место во групата

Ракометарките на Куманово и понатаму продолжуваат со добрите игри во Регионалната лига така што на последниот турнир од групата што синоќа и вечерва се одржа во Подгорица а на кој што турнир покрај нашиот претставник настапија и екипите на домаќинот ЖРК Рудар и екипата на ХЖРК Груде од Босна и Херцеговина успеаја да постигнат две значајни победи со кои што на крајот по одиграните четири турнири го освоија првото место во групата. Тие најпрвин синоќа во првиот натпревар ја совладаа екипата на ХЖРК Груде од Босна и Херцеговина со 29-27 (16-14) а вечерва во вториот настап ја совладаа и екипата на домаќинот ЖРК Рудар со 25-22 (13-14). Инаку во оваа втора група од Регионалната покрај овие три екипи се наоѓа и екипата на ЖРК Зајечар од Република Србија.

Најефикасни ракометарки на вечерашниот натпревар кај екипа на ЖРК Куманово беа Медеа Чокели со 6 и Јована Кипријановска и Ангела Јанкуловска со по 5 голови додека пак кај домашната екипа на ЖРК Рудар, Анастасија Кривокапиќ со 9 и Сара Гугач со 5 постигнати голови.

Сега во наредниот настап во Регионалната лига екипата на ЖРК Куманово ја очекува бараж натпревар со последно пласираната екипа од многу силната прва група во која што се наоѓаат екипите на ЖРК Будуќност од Црна гора, Подравка од Хрватска, Крим од Словенија и екипата на Јагодина од Србија во која што група во месец март треба да се одигра и подледното коло по кое што и официјално ке се знае и противникот на ЖРК Куманово во првото коло од баражот.

Т.Д.