Еурофарм Пелистер го освои струшкиот турнир, Металург славеше во борбата за третото место

118

Еурофарм Пелистер го освои 48-то издание на струшкиот ракометен турнир со победата над Вардар од 26-23 во вечерашното неизвесно финале.

Најдобар голман на турнирот е капитенот на Еурофарм Пелистер, Градимир Чаневски, беше меѓу најзаслужните за победата во финалето со седум одбрани во второто полувреме против Вардар. За најкорисен ракометар беше прогласен хрватскиот интернационалец Стипе Мандалиниќ од обедничката екипа. Најдобар стрелец на струшкиот турнир е Тимур Дибиров од Вардар.

Металург славеше против Охрид со 31-26 во мечот за третото место, благодарение на ефикасното издание на засилувањата Бранко Канкараш и Златко Хорват кои постигнаа осум односно седум гола.

Бранко Канкараш во акција

Бутел стигна до петтата позиција со триумфот над Прилеп од 25-23, додека Еурофарм Пелистер 2 се избори седмото место откако ја совлада Струга со 23-21.