Дувњак прогласен за најдобар ракометар во Бундес-лигата

97

Според гласовите на тренерите, навивачите и директорите на клубовите во германската ракометна Бундес-лига, капитенот на хрватската ракометна репрезентација и капитен на Кил, Домагој Дувњак, го доби признанието за најкорисен играч (МВП) во лигата за сезоната 2019/2020.

Ова е второ вакво признание за Дувњак по 2013 година, кога како член на Хамбург првпат беше прогласен за МВП во Бундес-лигата. Дека сезонава навистина играше во одлична форма и вистински ја заслужи оваа награда, зборува и фактот што Хрватот беше најкорисен играч и на последното Европско првенство (ЕП) одржано во јануари годинава во Австрија, Норвешка и Шведска, на кое лавовски ја предводеше хрватската репрезентација до финалето.

Конкуренти на Дувњак за титулата МВП беа неговите клупски колеги, голманот Никлас Ландин и пикерот Хенрик Пекелер, како и централниот бек на Хановер, Данецот Мортен Олсен.

Дувњак сезонава имаше исклучителна статистика за Кил, на 24 натпревари постигна 65 гола и асистираше уште за 56 погодоци. Во својата клупска кариера, Дувњак со Хановер ја освои ЛШ во 2013 година, а со Кил го освои Купот на ЕХФ во 2019 година.