Донесена одлука за фузија на Пелистер и Еурофарм Работник

147

Со 16 гласови за, девет воздржани гласови и двајца советници кои воопшто не гласаа, Советот на Битола донесе одлука за фузија на ракометниот клуб Пелистер и Еурофарм Работник.

Со оваа одлука практично е откочен процесот за фузија на ракометните клубови Пелистер и Еурофарм Работник. Со ваквата одлука Советот ја задолжи градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, да го потпише договорот за купопродажба на Пелистер.

Инаку, седницата на Советот помина во остра дебата на советниците на власта и опозицијата околу купопродажбата на Пелистер.

Опозицијата инситираше да им се стави на увид ревизорскиот извештај за материјално-финансиското работење на Пелистер, како и да им се соопшти колку изнесуваат обврските кои Општината треба да ги плати кон добавувачите пред потпишувањето на Договорот, што беше еден од условите Еурофарм Работник да го купи мнозинскиот пакет акции на Пелистер.

Со договорот е предвдиено Еурофарм Работник да купи 75 отсто од акциите на Пелистер, а општината Битола, која ќе задржи 25 отсто од акциите, во наредите пет години да издвојува по 15 милиони денари по натпреварувачка сезона.

Вкупниот буџет на новиот клуб Еуроафрм Пелистер ќе изнесува еден милион евра. Дресот на Еуарифарм Работник во оваа сезона ќе биде сино-бел, а од наредната клубот ќе има два комплети дресови, покрај сино-белиот ќе има и зелено-бел дрес. Првиот тим ќе се вика Еурофарм Пелистер, а вториот Еурофарм Пелистер 2.
М.М.