Германија ја победи Хрватска и обезбеди полуфинале

105

Ко-домаќинот на Светското ракометно првенство Германија синоќа во Келн ја победи Хрватска со 22:21 и обезбеди пласман меѓу четирите најдобри. Натпреварот беше неизвесен до самиот крај, а победникот беше решен по неколку сомнителни одлуки на судиите од Данска за кои Хрватите имаа многу забелешки.

Вајде со шест погодоци беше најзаслужниот за триумфот на Германците. Во поразениот тим Карачиќ и Штрлек бе анајефикасни со по четири гола.

Во пресрет на последната рунда од Е-групата, Германија и Франција имаат по седум бод аи изборено учество во полуфиналето. Шпанија и Хрватска се со по четири бода, Бразил има два, Исланд е без бодови.