Втор триумф за Металург, Бутел и Пролет

61

Ракометарите на Металург забележаа уште една висока и лесна победа во домашното првенство, а на втора победа се израдуваа и ракометарите на Бутел и на Пролет.

Момците од Автокоманда овој пат рутински ја совладаа екипата на Вардар јуниор, со 41-17, во мечот од 2-то коло од Суперлигата. Лесна победа извојуваа и ракометарите на Охрид, кои на домашен терен славеа над Работнички, со 34-22. Интересно и неизвесно беше во завршницата на дуелите меѓу Бутел – Радовиш и Металург 2 – Пролет, кои завршија со минимални победи за Бутел (29-28) и за Пролет (33-32).

Пролет беше изненаден од силниот отпор на Металург 2, кој одлично парираше во првото полувреме од мечот. Во втората половина од натпреварот, Пролет успеа да направи предност од шест гола (24-30), но металурзите не се предадоа. Стигнаа до изедначување на минута до крајот 32-32, но Пролет успеа да го реализира последниот напад и да се одбрани и стигна до втора победа во низа. На прва победа се израдуваа и ракометарите на Пелистер, кои на гостински терен забележаа победа над Струга (26-24), која во пресрет на мечот остана без тренерот Илија Темелковски и странските засилувања.


Резултати 2. коло
Металург – Вардар Ј 41-17
Бутел – Радовиш 29-28
Металург 2 – Пролет 32-33
Охрид – Работнички 34-22
Струга – Пелистер 24-26

ТАБЕЛА
1. Металург 2 2 0 0 6
2. Бутел 2 2 0 0 6
2. Пролет 2 2 0 0 6
4. Охрид 2 1 0 1 3
5. Радовиш 2 1 0 1 3
6. Пелистер 2 1 0 1 3
7. Струга 2 0 1 1 1
8. Работнички 2 0 1 1 1
9. Металург 2 2 0 0 2 0
10. Вардар Ј. 2 0 0 2 0

Следно коло: Вардар Ј. – Бутел, Пелистер – Охрид, Работнички – Металург 2, Пролет – Металург, Радовиш – Струга.