Во вториот контролен натпревар денеска во Куманово ЖРК Куманово го совлада Паок од Солун

127

Денеска во Куманово во вториот пријателски натпревар од двомечот помеѓу екипите на ЖРК Куманово и Паок од Солун, за разлика од вчера ракометарките на Куманово беа поуспешни и го совладаа Паок со 27:24 (11:13) со што во пријателскиот двомеч го израмнија меѓусебниот скор на 1:1.

Што се однесува пак до денешниот натпревар, кој за разлика од вчерашниот се одигра во дневен термин, тој како и синоќешниот помина во изедначена игра од страна на двете екипи на кои што денеска на натпреварот им припадна по едно полувреме па така гостинките од Грција беа подобри во првото полувреме кога имаа и предност од 11:13, а додека на домашните ракометарки им припадна второто полувреме во кое што тие максимално ја искористија домашната публика и предноста на домашниот терен па на крајот сосема заслужено стигнаа до победа од 27:24 со што на екипата на Паок и се реваншираа за вчерашниот пораз. И на овој натпревар како и на предходниот тренерот на домашните ракометарки на ЖРК Куманово, Симе Симевски, им даде шанса на речиси сите ракометарки од клупата и сега полека но сигурно ја темпира формата на екипата за наредниот викенд, кога екипата на ЖРК Куманово во рамките на ЕХФ Купот ја очекуваат два тешки натпревара против екипата на РК Славија од Прага.

По натпреварот тренерите на двете екипи изјавија дека се задоволни со моменталната форма на своите ракометарки и дека за недела дена пред настапот во евро куповите ќе се обидат да бидат максимално спремни поради што и двајцата очекуваат успешен старт на своите екипи.

Најефикасни ракометарки на денешниот натпревар кај ЖРК Куманово беа Медеа Чокели со 5 и Боризовска и Јанкуловска со по 4 голови, додека пак кај гостинките од Солун, Ферфоља Теља со 6 и Гаџју Васка со 5 постигнати голови.

Т.Д.