Вардар по седми пат го прегази Кристијанстад во ЛШ

207
Фото: Дарко Андоновски

Како што и се очекуваше ракометарите на Вардар ја остварија и втората победа во 2-то коло од групата А во годинешната Лига на шампионите (ЛШ), откако во СЦ „Јане Сандански“ го прегазија шведскиот првак Кристијанстад со 33-25.

Ова беше вкупно седми триумф на црвено-црните во дуелите со Кристијанстад, откако во изминатите три сезони остварија максимален учинок, шест победи од исто толку игри.

Избраниците на тренерот Роберто Парондо доминираа во првите 30 минути добивајќи го со девет гола предност 19-10. По доминантниот почеток од 6-0, вардарци во 21-та минута остварија двоцифрена предност 15-5, а во 25-та минута пак, и 19-10. Десното крило Иван Чупиќ во овој дел беше најпрецизен со шест гола, додека голманот Дејан Милосављев впиша седум одбрани.

На почетокот на вториот дел Вардар за првпат ја оствари најголемата предност од 11 гола (22-11), преку ударниот лев бек Вуко Борозан. Крајот веќе тука се наѕирше на овој меч, па Вардар можеше да продолжи порелаксирано, што и се одрaзи на крајниот резултaт од 33-25Во финишот на средбата Парондо им даде шанса на сите играчи, па натпреварот го заврши втората постава на црвено-црните. 

Најефикасен играч на средбата беше Чупиќ со седум гола, Борозан даде пет, додека кај гостите пикерот Адан Нифјал со пет. Голманот Милосављев имаше 10 одбрани.

Во следното 3-то коло (29 септември), скопјани ќе му гостуваат на унгарски Веспрен.

Г.И.