Вардар по вторпат на врвот на ракометна Европа

829

Наши известувачки од Келн:
Јасминка Павловска
Сузана Митревска

Veni, vidi, Vardar!  Насловот во специјалното издание на билтенот на ЕХФ на Ф4 во Келн, по првиот полуфинален меч,излезе како добро пророштво за РК Вардар. Вардар, со резултатот 27-24 на финалниот меч против унгарскиот Веспрем, го освои првото место на фајналфорот од Лигата на шампионите во ракомет, на ЕХФ. 

Во текот на целиот меч Вардар постојано беше во водство, иако Веспрем на моменти на крајот опасно се приближување на резултатски еден разлика. Ова е втора шампионска титула на Вардар, по онаа од 2017 година.