Вардар и Металург носители пред ждрепката за Лигата на шампионите

51

Македонските претставници во Лигата на шампионите, Вардар и Металург, како носители ќе ја чекаат ждрепката за групната фаза, која ќе се одржи на 29 јуни во Виена. 

Шампионот Вардар е носител во посилните групи А и Б, каде во првиот барабан е заедно со ПСЖ, додека вицепрвакот Металург е носител во условно послабите групи Ц и Д во друштво со Висла Плоцк. 

Актуелниот европски шампион Монпеље е сместен дури во шестиот барабан за групите А и Б.