Вардар и Еурофарм Пелистер ќе играат во финалето во Струга

54

Вардар ќе се сретне со Еурофарм Пелистер во утрешното финале (21.15 ч.) на струшкиот ракометен турнир, откако двете екипи остварија максимален ефект со по три победи во групната фаза.

Еурофарм Пелистер денеска беше убедлив против Струга со 28-16, а Вардар го совлада Бутел со 25-17. Охрид, пак, славеше против Еурофарм Пелистер 2 со 26-22.

За утре се закажани и мечевите за пласман. Металург ќе игра против Охрид во мечот за третото место (19.15 ч.), Бутел ќе се соочи со Прилеп во дуелот за петтата позиција (17.15), а Струга ќе се сретне со Еурофарм Пелистер 2 во натпреварот за седмата позиција (10).