Вардар го одбрани Суперкупот

237
фото: Вардарфанс

Шампионот Вардар го одбрани трофејот во македонскиот Суперкуп, откако славеше со 26-24 против освојувачот на Купот, Металург.
Вардарци имаа потполна контрола од самиот почеток, па на полувреме се замина со шест гола предност (16-10), разлика која Металург не можеше да ја достигне, иако на крајот дојде до пристојни два гола негатива.
Горбок и Дибиров со по шест гола беа најефикасни кај вардарци, Додиќ пак даде пет за составот од Автокоманда.