Вардар ги дозна имињата на судиите за полуфиналето против Монпелје

464
Европската ракометна федерација ги соопшти имињата на судиските двојки кои ќе ја делат правдата на Ф4 турнирот на Лигата на шампионите кај мажите.
 
На актуелниот европски шампион Вардар, кој ќе игра против француски Монпелје, ќе му судат Исланѓаните Јонас Елијасон и Антон Палсон.
 
Судии на вториот полуфинален дуел меѓу ПСЖ и Нант ќе бидат Данците, Мартин Гединг и Мадс Хансен.
 
Полуфиналните мечеви се закажани за на 26-ти мај во „Ланксес Арена“ во Келн, додека следниот ден е големото финале и борбата за третото место. 
 
Вардар и Монпелје играат од 18:00 часот.