Брестовац: Среќни сме, игравме како вистински тим

440

Тренерот на Металург, Данило Брестовац е презадоволен од денешниот триумф над Стеауа на гостувањето во Букурешт во дуел од СЕХА лигата.

– Многу сме среќни за оваа победа бидејќи победивме со играње како тим. Честитки до тимот на Стеауа за фер и коректниот пристап на средбата – рече Брестовац.

Со сличен став е и Милан Лазаревски.

– Честитки до тимот на Стеауа. Тие одиграа многу добро, бараа решенија во целиот натпревар. Ние останавме фокусирани низ целиот тек на натпреварот и продолживме да се бориме и кога губевме. Така успеавме да ја добиеме победата – вели Лазаревски.

Металург победи со 28:26, иако на 12 минути пред крајот романскиот тим имаше водство со 21:16.