Брестовац: Имавме шанси, но не ги искористивме

123

Тренерот на Металург Данило Брестовац и неговиот колега од Железничар Веселин Вујовиќ дадоа нивно видување за натпреварот во Регионалната лига во кој српскиот клуб славеше со 27-25. 

– Мораме да бидеме на ниво кога е најважно, да не се промашуваат клучни шанси. Имавме шанси, но не ги искористивме. За некои работи нема оправдување, но ни недостигаше Александар Шпенде во одбраната. Ни претстои плејофот во првенството, имаме време да ги коригираме пропустите – истакна Брестовац.

Вујовиќ смета дека Металург покажа карактер и борбеност и е на добар пат.

– Му честитам на Металург кој покажа карактер и борбеност, но и младост кога направи грешки, кои потоа скапо го чинеа. Имав чувство дека некои играчи дозираа бидејќи, како и Металург, размислувавме за плејофот. Мислам дека Металург е на добар пат и тоа е голем клуб кој ќе се бори за висок пласман. За добар ракомет во Македонија, потребен е и добар Вардар, и добар Металург и добар Пелистер – вели Вујовиќ. М.Ж.