Брестовац го скрати списокот, 20 играчи патуваат во Словенија

261
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Данило Брестовац, го објави списокот од 20 играчи кои по Нова година ќе заминат на подготовки во Словенија. Конечниот список на играчи кои ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство ќе биде познат по враќањето од Словенија.

Македонската репрезентација, се врати во Романија, каде иако во подмладен состав, успеа да го освои „Трофеј Карпати“. Натпреварите со Алжир и Романија и претходните два со Кувајт му овозможија на Брестовац да ја добие реалната слика околу можностите на младите играчи во националниот тим.

Селекторот на прес-конференцијата проговори и за играчите кои веќе не се млади, кои треба да ја носат играта на националниот тим, Филип Кузмановски и Филип Талески. Тој е загрижен поради малата минутажа што двајцата ја имаат во своите екипи во Германија.

Она што тој треба да го направи е да им ја врати самодовербата, а тие треба да преземат поголема одговорност во играта на репрезентацијата.

Списокот на Брестовац за подготовките во Словенија:

Борко Ристовски, Никола Митревски, Дејан Манасков, Бојан Маџовски, Ненад Костевски, Филип Кузмановски, Филип Талески, Кирил Лазаров, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Марко Мишевски, Марио Танкоски, Никола Маркоски, Велко Марковски, Мартин Томовски, Горан Крстевски, Столе Стоилов, Жарко Пешевски, Мартин Велковски, Мартин Серафимов.