фото (Принт скрин)

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал стигна до рекордна 21-ва Грен слем титула во кариерат, а откако по пет часовна борба триумфираше во дуелот со Русинот Данил Медведев во финелето на Австралијан Опен со 3-2 (2-6, 6-7, 6-4, 6-4, 7-5) во сетови.

Медведев одлично го почна мечот и забележа водство од 2-0 во сетови, но се се смени во продолжението од мечот, кога во средината на третиот сет Шпанецот се „разбуди“ и го најави своето враќање. Во петтиот сет Русинот имаше 5-4 и сервис за победа, но не го искористи тоа, па во следниот гем Надал направи нов брејк кој потоа го преточи во победа.

За Надал ова е втора титула во Австралија во шестото негово финале, по онаа во 2009 година. Медведев остана на еден трофеј и пропушти шанса да се искачи на врвот на АТП листата, каде продолжува да стои Србинот Новак Ѓоковиќ.

Со овој триумф Надал им избега од Роже Федерер и Ѓоковиќ по бројот на освоени Грен слем титули, кои во продолжение на сезоната ќе имаат можност да го стигнат.