Голем број обожаватели на тенисерот Новак Ѓоковиќ се собраа пред хотелот „Ројал Парк“ во Мелбурн за да му дадат поддршка.

Приведени се две лица отако дошло до судир меѓу демонстрантите и полицијата.

Тензиите се создадоа откако на светскиот тенисер не му беше доволен влез во Австралија и учество на „Австралија Опен“ поради вакциналниот статус. Српскиот тенисер во моментов е во карантин во хотел во Мелбурн, каде ја чека одлуката од судот за жалбата која ја поднесе поради забранетиот влез во Австралија. Австралискиот суд ја одложи одлуката до понеделник. Тогаш ќе се знае дали светскиот првак во тенис ќе се натпреварува на годиншниот „Австралија опен“.