Фото: Фејсбук/Новак Ѓоковиќ

Сослушувањето за случајот на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ почна со задоцнување во судот во Мелбурн. Најавениот пренос во живо и натаму не е достапен поради технички проблеми со судската интернет-страница.

Судот треба да одлучи дали на Ѓоковиќ ќе му биде дозволен влез во Австралија и учество на гранслем-турнирот во Мелбурн. Според најавите, одлуката не се очекува пред пет часот по средноевропско време.

Австралиските власти објавија и линк на кој ќе може да се следи преносот.
Може да го проследите на преносот во живо подолу.