Американскиот дневен весник „Њујорк тајмс“ на својата веб-страница објави дека го презема еден од најголемите светски спортски медиуми „Атлетик“. Зделката, треба да биде реализирана до април оваа година, а ќе изнесува 550 милиони долари.

Како што е наведено во објавата, ова ќе му помогне на „Њујорк тајмс“ да ја надмине границата од 10 милиони претплатници до 2025 година. Моментално имаат осум милиони, додека Атлетик има приближно 1,2 милиони претплатници.

– Нашата цел е да надминеме 10 милиони претплатници. Веруваме дека „Атлетик“ ќе ни овозможи да го прошириме нашиот пазар на потенцијални претплатници – рече извршниот директор на компанијата Мередит Копит Левиен.

Атлетик е вториот најголем спортски медиуми во Соединетите Американски Држави. Прв е „ЕСПН“ кој има околу 600 вработени.
Претплатата на „Атлетик“ изнесува е 7,99 долари месечно.