Поранешниот олстар-кошаркар од НБА-лигата, Трејси Мекгрејди, откри дека има планови да создаде нова кошаркарска лига наречена OБA (Ones Basketball Association), која треба да биде професионална лига за играње кошарка еден на еден.
– Создавам лига еден на еден на национално ниво. Не турнир, туку лига – изјави Мекгрејди.

Како еден од најдобрите стрелци во играта еден на еден во НБА-лигата, Мекгрејди е соодветен основач на таква лига. Од последното играње во НБА во 2013 година, Мекгрејди веќе се вклучи во голем број деловни потфати и со врските што ги има од неговата професионална кариера звучи како да има основа за успешен проект.
Веќе е познато дека кошаркарската игра пет на пет кога се намали на три на три постигна успех, па сега останува да видиме како ќе биде еден на еден.