Фото: МИА

Македонската машка кадетска репрезентација загуби попладнево од Молдавија со 3-1 (23-25, 25-21, 25-17, 25-18) во првиот натпревар на Балканското првенство во Нови Сад.

Македонија утре ќе игра со Бугарија, која е прв фаворит во групата, а вчера убедливо ја совлада Молдавија.

Македонските одбојкари со поразот од Молдавија драстично ги намалија шансите за борбата за медали, а за пласман во полуфиналето избраниците на селекторот Ванче Санев треба да слават над Бугарите со три освоени бода, а потоа ќе одлучува сет, или, пак, и поен-количникот.