Фото: МЗТ Скопје

Во рамките на 8-то коло од кошаркарската Суперлига, кошаркарите на Куманово на гостински терен загубија од екипата на МЗТ Скопје со 92-57 (47-25 полувреме), со што го забележаа и осмиот последователен пораз, еден од најтешките оваа сезона.

Кошаркарите на МЗТ на вечерашниот натпревар победата ја најавија уште во првото полувреме, кога во првите 20 минути направија висока резултатска предност од дури 22 поени (47:25).

Разликата ја одржуваа и во продолжението од натпреварот со сигурна и рутинска игра. До крајот, МЗТ разликата ја зголеми на високи 35 поени, па на крајот од натпреварот на семафорот стоеше конечниот резултат од 92-57.

Екипата на Куманово со пласманот во Суперлигата неочекувано влезе во голема резултатска криза, така што засега е едиствената екипа којашто по осум одиграни натпревари, сè уште нема остварено победа. Оваа можност и шанса за прва победа и за каква таква шанса во последните две кола да се поправи лошиот впечаток од досегашниот настап, екипата на Куманово ке ја има наредното коло, кога на домашен терен ја пречекува екипата на Кожув од Гевгелија.

Најефикасни кошаркари на натпреварот во победничката екипа на МЗТ беа Андреј Магдевски со 17 и Предраг Самарџиски со 16 поени, додека пак во екипата на Куманово, Бранислав Џекиќ и Адем Мекиќ со по 16 постигнати поени.

Во наредното 9-то коло во плејофот од Суперлигата, кошаркарите на Куманово на домашен терен играат со екипата на КК Кожув. Т.Д.