КОШАРКА

Поради зголемениот број инфицирани со коронавирусот во САД, комесарот на кошаркарската НБА-лига, Адам Силвер, рече дека го задржува правото да го запре рестартирањето на сезоната во НБА во случај на премногу заразени со коронавирусот.
– Имаме голем број научници, лекари и експерти што работат со нас. Ќе видиме каде нѐ носи ова, но сигурно е дека ќе застанеме ако имаме премногу случаи на коронавирус. Не можеме да избегаме од вирусот. Но јас сум убеден дека кошаркарите ќе бидат побезбедни на нашиот кампус отколку надвор од него – изјави Силвер за магазинот „Тајм“.

Од НБА-лигата планираат спроведување строги мерки на претпазливост, кои вклучуваат карантин од 7 јули, за сите што ќе бидат вклучени во завршницата на сезоната во Орландо, пред да ја продолжат сезоната во Орландо на 31 јули. Во моментов има 16 случаи на позитивни на коронавирус меѓу професионалните кошаркари во НБА.