Кошаркарите на Куманово вечерва на домашен терен ја совладаа екипата на Еуро Никел од Кавадарци со 86-85 по продолжението, откако резултатот беше 79-79 по 40 минути игра, со што во 9-то коло ја забележаа шестата првенствена победа.

Куманово пропушти шанса да стигне до победа и во регуларниот дел од
натпреварот, но гостите од Кавадарци во последните минути се изборија за продолжение, во кое домашната екипа беше подобра со резултат 7-6.

Најефикасни кај Куманово беа Марјан Младеновиќ со 23 и Т. Атанасов со 19 коша, додека кај гостинската екипа предничеа Алаксандар Марзет со 19 и Јане Петровски со 15 поени.

Во наредното првенствено коло Куманово гостува кај Пелистер во Битола. Т.Д.