Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија (до 16 години) успеа да ја совлада соодветната селекција на БиХ со 76-64 (19-20, 14-14, 30-14, 13-16), на Европското првенство (ЕП) во Удине, Италија, со што си обезбеди опстанок во дивизијата А. Клучната предност беше создадена на почетокот на второто полувреме. Овој втор триумф на ЕП им овозможи на избраниците на селекторот Денис Дервишевиќ да се борат за пласман помеѓу 9-то и 12-то место.

Најмногу поени кај Македонците реализира Андреј Митрески, 25, Резарт Мемед даде 15, а Филип Наков 10.

Денешен противник (21 часот) на македонските кошаркари е Словенија, која, пак, во претходното коло ја совлада Германија, со 72-65.
На ова ЕП, Македонија, освен БиХ, ја совлада и Летонија (64-53), а загуби од Шпанија (57-61), Израел (90-99) во групната фаза и од Русија (45-70).