На Џејмс му требаат уште 1.458 поени за да стане најдобар стрелец

149

КОШАРКА – НБА, РЕГУЛАРЕН ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари на денешницата, продолжува да поставува нови рекорди во НБА-лигата, на патот да биде и најголем на сите времиња. Во поразот од Вашингтон (119-127), Џејмс постигна 38 поени и со тоа се искачи на второто место на вечната листа на стрелците во регуларниот дел од сезоната во НБА-лигата.
Со вкупно постигнати 36.929 поени во досегашната кариера, тој го надмина Карл Мелоун на втората позиција по цели 18 години. Сега му недостигаат уште 1.458 коша за да избие на првото место, каде што е Карим Абдул Џабар (38.387 поени).
Џејмс пред неколку дена стана и првиот играч во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот со постигнати најмалку 30.000 поени, 10.000 скока и 10.000 асистенции.


НАЈДОБРИ СТРЕЛЦИ

Карим Абдул Џабар 38.387
Леброн Џејмс 36.929
Карл Мелоун 36.928
Коби Брајант 33.643
Мајкл Џордан 32.292
Дирк Новицки 31.560
Вилт Чембрлен 31.419
Шекил О’Нил 28.596
Кармело Ентони 28.210
Мозес Мелоун 27.409