КОШАРКА – ЗАВРШЕН ТУРНИР ВО АБА 2

Македонскиот првак МЗТ Скопје, предводен од тренерот Александар Петровиќ, ја мина првата пречка на завршниот турнир во лигата АБА 2, откако во четврт-финалето во СЦ „Јане Сандански“, пред околу 3.000 гледачи, ја победи црногорската екипа Сутјеска, со 73-68. Во денешното полуфинале, „металците“ играат против Широки, кој, пак, славеше против Спарс од Сараево, со 85-81.
Во втората полуфинална пресметка играат Борац Бања Лука и Златибор. Во четврт-финалето, Борац Бања Лука со еден кош разлика, 80-79, беше подобар од Младост од Земун, додека Златибор со минимални 84-82 го совлада словенечки Хелиос. Финалето е закажано в недела, од 19 часот, а победникот ќе се пласира во елитната АБА-лига.