Фото: КФМ

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва загуби од Украина во Скопје со 68-73 и со пораз ги заврши квалификациите за пласман на Светското првенство во 2023 година.

Украина допатува во Скопје во улога на фаворит и така и го започна натпреварот, остварувајќи предност од 35-21 по првата четвртина, а предноста во вториот период се зголеми на 47-30.

Уследи период на подобра игра на „црвено-жолтите“ и серија од 14 коша за намалување на негативата на 54-57 пред стартот на последната четвртина.

На 100 секунди пред крајот на натпреварот, Македонија преку Андреј Јакимовски не успеа да реализира за три поени, со што пропадна и последната шанса за резултатски пресврт.

Избраниците на селекторот Драган Бајиќ претрпеа шест порази во дуелите со Шпанија, Грузија и Украина и ги завршија мундијалските квалификации на последното место во групата Г.