Фото: Твитер/Олстар

Тимот на Леброн Џејмс ја совлада екипата на Кевин Дурант со 163-160 (47-45, 46-49, 45-45 и 25-21) на олстар-натпреварот во кошаркарската НБА-лига одигран ноќеска во Кливленд.

За најкорисен играч на средбата (МВП) е прогласен Стеф Кари од Голден стејт кој средбата ја заврши со 50 поени и рекордни 16 реализирани тројки.

Од играчите од регионот, грчката ѕвезда Јанис Антетокумпо забележа 30 поени, 12, скока и шест асистенции, актуелниот МВП на НБА-лигата, Србинот Никола Јокиќ, оствари 10 поени, девет скока и осум асистенции, а најдобриот словенечки кошаркар постигна осум поени и забележа три успешни додавања.

За тимот предводен од капитенот Леброн Џејмс ова е петта победа во исто толку натпревари по промената на формат во 2018 година.

Тимовите на Леброн ги победија тимовите на Јанис Антетокумпо (два пати), тимовите на Кевин Дурант (двапати) и тимот на Стеф Кари (еднаш).

Центарот на Минесота, Карл-Ентони Таунс победи во натпреварот за тројки, додека играчот Њујорк, Оби Топин победи во натпреварот во забивање.