Кошаркарите на Канзас се нови шампиони во американската НЦАА-лига откако славеа над Северна Каролина во финалето на плејофот со 72-69. Победата е дотолку позначајна ако се знае дека Канзас стигна до посакуваната цел по големиот пресврт во второто полувреме, оти првото го загуби со 15 коша разлика (25-40). Ниту една екипа што загубила толку многу на полувреме од едно финале не успеала да направи таков голем пресврт. Новиот шампион губеше меч на полувреме сезонава само еднаш пред финалето, кога заостана шест поени зад Мајами, за потоа да го заврши натпреварот со победа од 26 разлика.
Џејлен Вилсон беше кошаркарот што го направи пресвртот во второто полувреме, односно го предводеше својот тим од негатива 33-43 до водство со 45-41. На 21 секунда до крајот на мечот, Дејвид Меккормак постигна тројка, која се покажа одлучувачка, а Северна Каролина не го искористи последниот напад. Вилсон и Меккормак беа најефикасни во победничкиот тим со по 15 поени, а во спротивниот табор, по 15 коша постигнаа Бајкотa и Дејвис.